Зенит изгуби од Терек со 1-0 и со тоа го одлучи шампионот на Русија.

Екипата на Зенит до крајот на шампионатот ќе се бори со ЦСКА Москва за второто место, кое води во квалификациите на Лигата на шампионите.

Со тоа„црвено-белите“ на три кола пред крајот ја обезбедија титулата и сега имаат десет бода повеќе од ЦСКА Москва, која е втора на табелата со 53, додека Зенит е трет со 52 бода.

ЦСКА до крајот ќе игра против Арсенал од Тула на домашен терен, со Рубин во гости и со Анжи дома, додека Зенит ќе игра во гости против Крилја Советов, па дома против Краснодар и ќе гостува во Москва против Локомотива.



Автор: Администратор
Објавено на: 08/05/2017 13:24