„Црвено-црните“ вчера попладне победија со 6-0 над Македонија ЃП и со тоа ја потврдија 11-тата шампионска титула, односно го одбранија трофејот во ПМФЛ.
За Вардар ова е трет последователен шампионски трофеј, а избраниците на Гоце Седлоски полесно од нивните очекувања ја одбранија шампионската титула на Македонија.
На четири кола до крајот на првенството, фудбалерите на Вардар математички ја потврдија титулата со победа од 6-0 над Македонија ЃП.
По пет минути игра, Блажевски постигна гол од пенал за 1-0, а со головите на Николов и Којашев, на полувремето резултатот беше 3-0 за „црвено-црните“.
Блажевски уште еднаш беше прецизен во 52-рата минута од средбата, а конечниот резултат 6-0 беше поставен со погодоците на Барсегјан и Боарето.