Додека многу водечки технолошки компании произведуваат мобилни телефони со што поголеми екрани, кинеската компанија „Унихерц“ произведе најмал 4Г паметен телефон на светот под името „Џели“.

„Џели“ има 2,45-инчен екран и дизајниран на начин што може да се стави во џеб без губење на функционалноста. Има Андроид Нугат оперативен систем, а произведен е во три бои – бела, сина и црна.

Телефонот има предна камера од 2 мегапиксели и задна камера од 8 мегапиксели.

Овој модел е наменет да биде алтернатива на корисниците на паметни телефони кои можат да го користат како резерва деловен телефон или при вечерни излегувања.

„Џели“ работи како и другите паметни уреди. Сите апликации за Андроид системите можат да се инсталираат на него, но тие изгледаат многу помали од тие на кои сте навикнале, што посебно ќе ги воодушеви љубителите на минијатурни работи.

Компанијата „Унихерц“ соопшти дека „Џели“ ќе стигне на пазарот во текот на ова лето, а цената ќе му биде 59 американски долари.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/05/2017 13:29