Вкупно 27.621 милиони патници ги користеле услугите на такси превозот минатата година, објави денеска Државниот завод за статистика врз основа на истражувањето за такси превозот со кое биле опфатени 2.172 возила.
Од вкупниот број превезени патници, 23.761 милиони се превезени во градскиот превоз, а 3.860 во меѓуградскиот превоз.
Со вкупно 2.172 возила остварени се 61.817 милиони километри од кои 51. 759 милиони во градскиот превоз и 10.058 милиони километри во меѓуградскиот превоз.