Грчкиот премиер Алексис Ципрас пристигна во Пекинг каде на 14 и 15 мај ќе учествува на форумот за меѓународна соработка „Еден појас, еден пат“ со намера да потпише меморандум за соработка со кој би се поттикнале кинеските инвестиции во Грција.

На маргините на самитот Ципрас ќе има средби со повеќе светски лидери, меѓу кои и со генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш.

Според извори од кабинетот на грчкиот премиер, на кои се повикуваат некои грчки медиуми, Ципрас и Гутереш ќе разговараат за ситуацијата во Македонија и грчко-турските односи. Други детали не се соопштуваат.

Инаку на самитот во Кина ќе учествуваат околу 30 светски лидери меѓу кои претседателите на Кина, Русија, Турција, и 80 шефови на меѓународни институции како Кристин Лагард на Меѓународниот монетарен фонд Кристин Лагард, претседателот на Светската банка Џим Јонг Ким и многу други.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/05/2017 13:57