Зинедин Зидан, тренерот на Реал Мадрид, по победата над Севилја, изјави дека тоа не бил последниот натпревар на Џејмс Родригес на „Сантијаго Бернабеу“.

Повеќе седмици се шпекулира дека Колумбиецот ќе си замине од Реал, а едно радио од неговата татковина вчера пренесло дека тој веќе договорил трансфер во Манчестер јунајтед.

„Родригес и понатаму е од Реал, имаме уште работа. Размислуваме само за финалните натпревари. Не сакам да зборувам за друго. И понатаму нè чека комплициран дел на сезоната, мораме да се бориме до последната минута“, изјави Зидан.

Реал е изедначен на врвот на Ла Лига со Барселона, но има натпревар помалку. Ќе гостува кај Селта и кај Малага во наредните шест дена.

Го очекува и финалето на Лигата на шампионите со Јувентус на трети јуни во Кардиф.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/05/2017 16:20