Британските болници биле приморани да пренасочуваат повици упатени до Итната медицинска помош поради сомневање дека врз компјутерскиот центар е извршен сајбер напад и тоа на целата територија на државата.
Националната здравствена служба (НХС) на Велика Британија соопшти дека 16 организации од тој систем биле изложени на хакерски напад.
„Дејли телеграф“ објави дека хакерите барале откуп и дека во болниците не работат телефоните и компјутерските системи, а во некои здравствени установи се примаат само итни случаи.
– По нешто за што се сомневаме дека е сајбер напад извршен на национално ниво, преземаме мерки за заштита на нашите локални системи од Националната здравствена служба, објавија здравствените власти.