Вработените во зоолошката градина во англискиот град Броксборн решија да му подготват изненадување на белиот лав Мото по повод неговиот десетти роденден, но кога пред него падна мал балон од сапуница тој се преплаши и побега.

Балонот падна на земја и пукна, што го исплаши Мото.

Сето тоа го сними чуварот во зоо паркот „Рај во дивината“, Тони, кој потоа ја објави снимката на Фејсбук страницата на зоолошката градина.

– Среќен ти десетти роденден, Мото! Еве еден од не баш светлите моменти кога се исплаши од малиот балон од сапуница, пушува под снимката.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/05/2017 23:50