Минатата година, компанијата Google го најави воведувањето на нова опција за мобилните телефони со оперативен систем Android, која наскоро ќе биде достапна за секого.

Станува збор за опцијата Instant Apps, која овозможува користење на апликации без потреба за да се инсталира на уредот.

Оваа опција е веќе достапна на одредени уреди, како што е Google Pixel, а корисниците можат да ја активираат во Google settings.

Опцијата Instant Apps ќе донесе големи промени за оние корисници кои имаат месечен лимит на интернетот, како и за оние чии уреди имаат малку меморија.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/05/2017 22:47