На страницата Стоулен Фон Чекер на асоцијацијата ЦТИА, ќе можете да проверите дали половниот мобилен кој штотуку сте го купиле, е украден.
Страницата работи врз основа на податоците за единствените кодови кои се содржани во мобилните, и на пријавите од корисници на интернет страницата, на кои им е украден телефон. Проверката на овој код пред да го купите телефонот, е доста важна.
Страницата има долга црна листа украдени и исчезнати уреди, од коишто најбројни се Ајфоните.