Грчкиот Парламент синоќа усвои нови економски мерки, кои претходно беа договорени од страна на грчката Влада и кредиторите на земјата, во замена за нова транша меѓународна помош.

Нацрт-законот, што предвидува нови намалувања на пензиите од 2019 година, зголемување на даноците и ограничување на социјалната помош, беше одобрен од 153 пратеници од владејачкиот блок на Коалицијата на радикалната левица (СИРИЗА) и партијата „Независни Грци“. „Против“ гласаа 128 грчки пратеници.

Пред зградата на грчкиот Парламент синоќа се собраа речиси 10.000 лица, за да протестираат против усвојувањето на новите економски мерки.

Група млади лица фрлаа врз грчката полиција молотови коктели, а силите на редот користеа солзавец за да ги растераат демонстрантите.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/05/2017 09:54