Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денеска при собирот на бизнис лидерите во Истанбул наведе дека Турција е принудена да „ползи“ пред вратите на Европската унија.

Тој ја даде оваа изјава како одговор на прашањето, дали Турција и понатаму треба да ја „моли“ ЕУ и да бара од неа да ја прими.

Турција веќе 54 години настојува да влезе во Унијата, додека земји кои подоцна аплицираа за членство или се економски нестабилни веќе се дел од ЕУ.

Ердоган ги критикуваше се поголемиот број на поглавја кои се потребни за преговорите за пристапување кон Унијата.

- Ако претставниците на ЕУ продолжат со својот првичен и позитивен став кон нас, можеме да продолжиме. Но, доколку престанат да го прават тоа тогаш ние можеме сами да се снајдеме, нагласи турскиот претседател.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/05/2017 10:20