Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ направи увид на градежните работи на новиот офицерски дом на плоштадот во Скопје во чија зграда ќе биде сместена новата матична служба за венчавки, хотелот од групацијата „Мериот“ како и мултинаменски простор, библиотека и читална.

Зградата сега ја гради приватен инвеститор кој што ќе ја намени за хотелот „Мериот“ со четири ѕвезди во еден дел, а во еден дел ќе биде деловен центар. Сепак уште кога државата оваа зграда ја стави на лицитација еден кат е предвидено да се отстапи на државата, тоа значи дека инвеститорот треба бесплатно да го изгради и бесплатно да и го отстапи на државата. Државата има две намени за тука, едната намена со околу 350 метри квадратни е изградба на современ простор за матична служба за венчавки. Вториот дел ќе биде мултуфункционална сала со примарна цел библиотека и читална, но поптреба читалната понекогаш ќе се користи за различни приеми или настани, вели Груевски.

Тој потенцираше дека она што е негативно во оваа работа е со незаконското укинување на дуповите, градоначалникот на Центар и советниците оневозможија да се изградат скалите за излез кон плоштадот кои што беа предвидени во планот.

-До декември инвеститорот планира зградата да се заврши, додека помеѓу декември и април да се заврши ентериерот внатре што значи согласно договорот откако ќе биде затворен просторот и ќе бидат ставени сите машински и електрични инсталации од април следната година државата ќе може да го уреди ентериерот, така што градот Скопје до 2018 година ќе добие целосно нова матична служба и ќе добие мултинаменски простор и читална за најмладите.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/05/2017 12:04