Лидерот на најголемата опозициска сила, Љуљзим Баша, врз основа на политичкиот договор, му ги достави имињата на техничките министри и вицепремиерот во владата на премиерот Еди Рама.

Предлогот го доставил до шефот на државата во заминување Бујар Нишани, кој треба да потпише указ за нивно именување и указ за разрешување на досегашните.

Врз основа на политичкиот договор, демократите во техничката влада ќе имаат еден вицепремиер и шест министри.

Нов вицепремиер ќе биде Ледина Мандиа, која доаѓа на местото на Нико Пелеши. Прв полицаец ќе биде Дритан Демирај, кој на оваа функција го заменува Фатмир Џафај, додека прв финансиер ќе биде Хелга Вукај(заминува Арбен Ахметај). Нов министер за правда ќе биде Газменд Барди (на местото на Петрит Васили), за образование и спорт Мирела Карабино (на местото на Линдита Никола), за здравство Арбен Беќири (на местото на Огерта Манастирлиу) и за труд социјална благосостојба Џулјета Кртуша (на местото на Олта Џацка).

Гласањето за разрешување на досегашните министри и именувањето на новите, само формално се очекува да биде направено на вонредната седница на парламентот, закажана за денеска во 18 часот.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/05/2017 12:15