Американскиот претседател Доналд Трамп денеска при посетата на Израел истакна дека сега има „ретка можност“ за воспоставување на мир на Блискиот Исток.

– Пред нас стои ретка можност да донесаме безбедност, стабилност и мир во регионот. Но, тоа е можно само единствено ако работиме заедно. Нема друг начин, посочи Трамп во Тел Авив.

Тој додаде дека Израел исто како САД се стреми кон постигнување на мир и подава рака кон сите свои соседи, вклучително и кон Палестинците.

– Претседателот е подготвен лично да се ангажира во напорите за постигнување на блискоисточен мир, изјави претходно американскиот државен секретар Рекс Тилерсон.

Тој додаде дека е можна трилатерална средба меѓу американскиот, израелскиот и палестинскиот лидер, но не при ова посета, туку подоцна.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/05/2017 13:19