Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изрази солидарност со Велика Британија по повод експлозијата на концертот на Аријана Гранде, при што загинаа 22 лица, и ги осуди „злите губитници“, кои стојат зад тој напад.

– Нападнати се невини деца. Злобната идеологија мора да биде уништена. Но мислам целосно уништена, изјави Трамп по средбата со палестинскиот претседател Махмуд Абас во Витлаем.

Според него, цивилизираните народи мораат да се обединат за да ги заштитат животите на луѓето.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/05/2017 13:59