Рускиот претседател Владимир Путин изрази длабоко сочувство до британската премиерка Тереза Меј во врска со трагичните последици од терористичкиот напад во Манчестер, соопшти денеска прес-службата на Кремљ, јави ТАСС.
– Одлучно го осудуваме ова цинично, нечовечно злосторство. Сметаме дека нарачателите нема да ја избегнат заслужената казна, рече Путин во телеграмата со сочувство.
Претседателот на Русија ја потврдува подготвеноста да ја зајакнува соработката во борбата против тероризмот со британските партнери, како на билатерална основа, така и во рамки на широките меѓународни напори, се вели во телеграмата.
Путин исто така изрази сочувство и испрати зборови за поддршка кон семејствата на загинатите, посакувајќи им поскоро закрепнување на ранетите.
Шефот на манчестерската полиција Јан Хопкинс изјави претходно денеска дека во експлозијата, која се случи синоќа, на крајот на концертот на Аријана Гранде во Манчестер арена, загинаа 22 лица, а 59 се повредени.