Џихадистичката група Исламска држава (ИД) ја презеде одговорноста за синоќешниот самоубиствен напад за време на концертот на американската пејачка Аријана Гранде во Манчестер, во кој загинаа 22 лица, а десетици се повредени.
Според соопштението на ИД, нападот е извршен со експлозивна направа поставена во салата каде што се одржувал концертот.
– Еден од војниците на Калифатот беше во можност да ја постави експлозивната направа на собирот на крстоносците во градот Манчестер, се наведува во соопштението на џихадистичката група.