Средбата со папата Франциско беше „чест за цел живот“ и инспирација за стремеж кон мир во светот, изјави американскиот претседател Доналд Трамп.

– Средбата со папата Франциско беше чест за цел живот. Го напуштам Ватикан поодлучен од кога било да се стремам кон мир во целиот свет, напиша Трамп на Твитер.

Поглаварот на Римокатоличката црква и Трамп денеска разговараа за мирно решавање на меѓународните конфликти, главно на Блискиот исток. Средбата, која се одржа зад затворени врати, траеше околу 30 минути.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/05/2017 21:35