Денови на социјалното претприемништво чиј таргет се студентите, ќе се одржат денеска на Филозофскиот факултет во Скопје, како дел од проектот Поттикнување на социјалното претприемништво Europe Aid.

Според организаторите, настанот е своевиден повик за практикантство во социјални претпријатија и поттикнување студентите да размислуваат за понатамошно активирање во оваа област.

– Овие Денови на социјално претприемништво се во функција на подгигнување на јавната свест, промовирање на социјалното претприемништво во земјата и мотивирање на младите да учествуваат во развојот на социјалните претпријатија, стои во соопштението.

Проектот е финансиран од ЕУ и имплементиран во партнерство со Министерство за труд и социјална политика.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/05/2017 11:59