НАТО, на денешниот самит, на кој ќе присуствува и американскиот претседател Доналд Трамп, ќе се придружи на коалицијата против Исламска држава, предводена од САД, изјави генералниот секретар на Алијансата Јенс Столтенберг.
– Тоа ќе испрати силна политичка порака за посветеноста на НАТО кон борбата против тероризмот, истакна Столтенберг.