Се надевам дека американскиот претседател Доналд Трамп не објави твит за мене, изјави денеска во Брисел претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер.
Како што јави ДПА, ваквата изјава Јункер ја даде по неговата средба со Трамп, првиот човек на Европскиот совет, Доналд Туск, претседателот на Европарламентот, Антонио Тајани и високиот претставник за заедничка надворешна политика и безбедност на ЕУ, Федерика Могерини.
- Не сум сосема убеден дека денеска можам да кажам оти со САД споделуваме заеднички ставови околу Русија, изјави Јункер по средбата, која траеше речиси 30 минути поодолго од предвиденото.
Претходно, и Туск изјави дека на средбата станало видливо оти Трамп и ЕУ имаат различни ставови во врска со Русија, климатските промени и трговијата.