Српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ изјави денеска дека на Македонија и пречат српските разузнавачи, но не и американските, германските и француските, пренесува БТА.
Оваа изјава Дачиќ ја даде откако македонското Министерство за надворешни работи ја повика на разговор српската амбасадорка во Скопје Душанка Дивјак Томиќ, со цел да го објасни присуството на Горан Живаљевиќ, советник во српската Абасада во Скопје и вработен во Безбедносно-информативната агенција (БИА), во Парламентот на Македонија на 27 април, кога во зградата упаднаа демонстранти.
Дачиќ наведе дека разговорот бил коректен и дека не станало збор за преземање мерки против Живаљевиќ.
Тој исто така го наведе и како „премногу интересно“ тоа што во македонскиот Парламент на 27 април се наоѓале и претставници на странски служби, но властите во Скопје не ги повикале нивните амбасадори.
– Ние ќе се обидуваме да имаме најдобри односи со соседите. Но, како што тие се однесуваат со нас, така ние ќе се однесуваме со нив, нагласи Дачиќ.
Тој исто така забележа дека Живаљевиќ ги изнестувал македонските власти за своето движење и активности.