Консумирањето одредени намирници пред тренингот може да го намали ефектот од вежбањето.

Експертите советуваат да избегнувате јаглехидрати пред физичките вежби и препорачуваат:

Пред тренинг

Држете се до протеините – јајца, пилешко и риба. Задолжително е повеќе зеленчук, овошје, салати – тие содржат корисни јаглехидрати. Така ќе ја одржите енеријата и стабилно ниво на шеќер во крвта за време на вежбањето.

После тренинг

- Период од шест часа после вебањето од клучно значење е опоравувањето на организмот – од тоа зависи ефикасноста следниот ден.

- Внесувајте повеќе јаглехидрати. Во овој период најбрзо се согоруваат мастите, а мускулите поефикасно ја користат енергијата за да се обноват истрошените резерви гликоген. Тоа значи дека после тренингот, а не пред него, треба да го консумирате најголемиот дел од дневни калории.

- Додајте протеини. Тие се извор на аминокиселини кои го обновуваат оштетеното мускулно ткиво. Односот на притеини и јаглехидрати во оброкот треба да биде 1:2, а токму таков е на пример, во тестенини со болоњезе сос, или дома подготвен сендвич.

- Изедете енергетска плочка од житарици или испијте енергетски пијалак, бидејќи содржи протеини и јаглехидрати. Направете го тоа веднаш после тренингот, за да го забрзате обновувањето на енергетски резерви.



Автор: Администратор
Објавено на: 30/05/2017 08:46