Досегашниот српски премиер Александар Вучиќ ќе положи денеска заклетва пред пратениците во Собранието на Србија и ќе стапи на функција претседател на Република Србија.

Претседателката на Собранието Маја Гојковиќ на посебна седница ќе прочита оставка која Вучиќ во вчера ја поднесе на местото претседател на Владата.

Откако парламентот ќе ја констатира оставката, на Владата и престанува мандатот и почнува рок од 30 дена за избор на нова влада.

По повод стапувањето на функција претседател на Србија, повеќе организации и движења најавија протести во Белград.



Автор: Администратор
Објавено на: 31/05/2017 09:27