Инклузивен ден ќе се одржи денеска на Градскиот плоштад во Скопје како дел од проектот „Унапредување на услугите за социјална вклученост“, финансиран од ИПА програмата на ЕУ, чиј главен корисник е Министерството за труд и социјална политика.
Настанот е од отворен карактер, има за цел да ја запознае пошироката јавност со преземените активности и постигнатите резултати, а во него ќе се вклучат и лицата со попреченост кои ќе имаат најголем бенефит.
Предвидено е обраќање на Јелена Вахакуопус, тим лидер на проектот, и Маријана Јанковиќ, експерт за персонална асистенција.