На Косово, вчера и официјално почна изборната кампања за предвремените парламентарни избори,што ќе се одржат на 11 јуни.
Кампањата ќе трае десет дена,до осми јуни,петок на полноќ,иако таа со многу актвности полтичките партии ја почнаа уште од 11 мај,кога косовскиот претседател,Хашим Тачи,го соопшти денот на изборите.
Претседателката на Централната изборна комисја,ЦИК,Ваљдете Дака,изјави дека со ангажирање на сите учесници,изборите може да бидат пример и за други земји.
– Слободни и демократски избори се основа на нашата институционална ангажираност,бидејќи наша цел е изборите да ја уживаат довербата на граѓаните и другите уесници во изборниот процес,-изјави Дака.
Во име на ЦИК таа упати апел до политичките субјекти целосно да ги почитуваат уставните и законски обврски.
– Само на тој начин,со наше заедничко залагање ќе постигнеме 11 јуни да го претвориме во празничен ден за граѓаните на нашата земја.Наша заедничка обврска е да се ангажираме за да му покажеме на светот пример за слободни и демократски избори,-посочи Дака.
Главната битка за новиот состав на 120-члениот парламент ќе ја водат коалицијата Демократска партија-Алијансата за иднината на Косово-Иницијатвата за Косово, потоа коалицијата Демократски сојуз на Косово-Алјансата за Ново Косово-Алтернатива, како и Движењето „Самоопределување“.