Чешка воведе забрана за пушење во баровите, рестораните и кафулињата, со што престанува да биде едно од последните места за пушачите во Европа.

Забраната се однесува на внатрешноста на баровите и рестораните, како и на јавните места како кината.

Забраната е одобрена од Парламентот по долгогодишната дебата, а ја потпиша претседателот на Чешка, Милош Земан, кој и самиот е пушач.

За разлика од поголемиот број држави во Европа, Чешка остана толерантна кон пушењето се до сега, а сопствениците на угостителските објекти одлучуваа дали ќе дозволат или не.

Од денеска, за кршење на забраната за пушење предвидена е казна од 5.000 чешки круни (околу 188 евра), а мнозинството граѓани ја одобрува забраната.



Автор: Администратор
Објавено на: 31/05/2017 15:23