Поранешниот шеф на кинеското Биро за статистика, Ванг Бaоан е осуден денеска на доживотен затвор поради земање мито во вредност од над 22 милиони долари во период од повеќе од две децении.
Пресудата на Ванг, шефот на кинеското Национално биро за статистика му ја изрече судот во провинцијата Хебеј, кај Пекинг.
Ванг беше обвинет за разменување политички услуги за пари, секс, имот и деловни отстапки.
Станува збор за еден од петте новорешени случаи на корупција во државната администрација, објави кинеската новинска агенција Синхуа.
Според агенцијата тие пет случаи се однесуваат на лица, кои примиле мито и недозволено податоци со вкупна проценета вредност од 488 милиони јуани (72 милиони долари).