Црна Гора забрани влез за 149 државјани на Русија и на Украина проади улогата на Русија во украинската криза и анексијата на полуостровот Крим, потврдено е за подгорички медиуми во Владата.
Списокот на непожелни формиран е врз основа на одлука на Европскиот совет.
Со одлуката на Владата на Црна Гора „се ограничува влез и располагање со имот и средства на лица кои се одговорни за активното поддржување на политика која поткопува територијален интегритет, суверенитет и независност на Украина“, објави денеска Побједа.
Меѓу „непожелните“ за влез во Црна Гора се потпретседателот на Валдата на Русија, Дмитриј Рогозин, шефот на разузнавачките служби Николај Петрушев, претседателот на Чеченија Рамзан Кадиров…
Црна Гора во 2014 годинја се придружи на санкциите на ЕУ воведени поради кризата во Украина.