Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека нејзината земјата ќе биде посветена на Договорот за климата од Париз откако претседателот на САД, Доналд Трамп се повлече од Договорот.

Меркел пред германскиот Парламент посочи дека е невозможно да се напушти патот по кој светот тргна во 1997 година по Договорот за климата од Кјото и продолжи во 2015 година со историскиот Договор од Париз.

– Одлуката на претседателот на САД да се повлече од Договорот е за жалење и многу сум возджана кога го кажувам тоа. На сите кои им е важна иднината на нашата планета им велам да продолжиме по патеката за да успееме, за Мајката Земја, истакна Меркел.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/06/2017 13:28