Црна Гора утре официјално ќе биде примена во членство во НАТО, на церемонија што ќе се одржи во американскиот Стејт Департмент, јави денеска црногоската државна телевиција РТЦГ.

Според протоколот, на цермонијата во Вашингтон, црногорскиот премиер Душко Марковиќ на американскиот државен потсекретар Томас Шанон ќе му ги предаде документите за ратификација на челнството во НАТО, со што Црна Гора официјално ќе стане 29-та членка на Алијансата.

Предвидено е на цермонијата да присуствува и генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

По официјалниот прием, на 7 јуни пред седиштето на НАТО во Брисел ќе биде подгиганто и знамето на Црна Гора. На оваа церемонија е предвидено да присуствува црногорскиот претседетел Филип Вујановиќ.

Во исто време, црногорското знаме ќе биде подигнато и пред Воената комада на НАТО во белгискиот град Монс и пред Задужената команда на Алијансата во американскиот град Норфолк.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/06/2017 14:44