Црна Гора и формално стана членка на НАТО откако делегација предводена од премиерот Душко Марковиќ предаде инструменти за ратификација на Северноатлантскиот договор на потсекретарот Томас Шенон.
Шенон рече дека на патот за влез на Црна Гора во Алијансата сите дале придонес, јавуваат подгорички медиуми.
– Ветувањето за членство носеше со себе и демократски вредности и почитување на владеењето на правото. Тоа значи дека мораше да се спроведат тешки реформи, а Црна Гора тоа и го направи и затоа денеска станува членка, изјави Шенон.
Тој додаде дека Црна Гора била доверлив партнер во мисии на НАТО.