Грција го презема дипломатското претставништво на Египет во Катар, соопшти грчкото Министерство за надворешни работи.
Оваа одлука беше донесена откако арапските земји одлучија да ги прекинат дипломатските односи со Катар, пишува грчкиот весник „Катимерини“.
При телефонскиот разговор меѓу грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕиас и неговиот египетски колега Самех Шукри, од Египет било формулирано барање Амбасадата на Грција во Доха да го преземе претставништвото на арапската земја.
Барањето на Египет за Грција се оценува како природен чин, бидејќи Атина неколкупати го претставуаше Каиро пред меѓународните институции.