Обединетите Арапски Емирати им забранија на своите државјани јавно да изразуваат симпатии кон Катар, и најавија 15 години затвор за оние кои не го почитуваат тоа, објавија локалниот весник „Гулф њуз” и телевизискиот канал „Ал Арабија”.

Во понеделникот, ОАЕ и неколку други арапски земји ги прекинаа дипломатските односи и објавија строги мерки за прекин на превозот, комуникациските и финансиските врски со Катар, обвинувајќи го дека поддржува исламистички терористички групи, но и за наклонетост кон Израел и Иран. Катар ги отфрла обвиненијата.

– Ќе се преземат строги и решителни дејствија против оние кои изразуваат солидарност или се однесуваат необјективно кон Катар, а исто и против оние коишто застануваат против официјалниот став на ОАЕ, било тоа да е на социјалните мрежи или во друга писмена, визуелна или усна форма, појасни генералниот обвинител на ОАЕ, Хамад Саиф ал Шамси.

Освен затворска казна, предвидена е и глоба од 500.000 дирхами (околу 121.000 евра).



Автор: Администратор
Објавено на: 07/06/2017 12:19