Европската унија одобри денеска формирање нов воен команден центар за мисии за обука во странство, откако Велика Британија ја промени својата одлука, која претходно беше против тоа основање.
Формирањето на ценатрот претставува последен чекор во напорите на ЕУ да ги интегрира своите армии и одбранбени индустрии.
Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини оцени дека тоа е „многу важна одлука за да се зајакне европската одбрана“.
Еден ден откако ЕК понуди 1,5 милијарди евра годишно за поддршка на француско-германските планови за поголема одбранбена соработка на ЕУ, сите 28 влади на земјите членки се согласиле командниот центар во Брисел да предводи мисии за обука во Сомалија, Централноафриканската Република и Мали