Британската премиерка Тереза Меј изјави дека ќе состави нова влада која успешно ќе го спроведе Брегзит и покрај тоа што нејзината Конзервативна партија го загуби апсолутното мнозинство во парламентот по вчерашните избори.

– Во парламентот можам да сметам на поддршка од „пријателите“ од северноирската Демократска унионистичка партија, изјави Меј.

– Ќе продолжам да работам со нашите пријатели и сојузници, особено со Демократската унионистичка партија. Двете партии се во добри односи со години и тоа ми дава увереност дека ќе може да работам заедно во интерес на цела Велика Британија, изјави Меј по кусата средба со кралицата Елизабета Втора од која побара решение да формира нова влада.

– Преговорите за напуштање на ЕУ, Велика Британијаќе ги почне на 19 јуни, потенцира Меј.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/06/2017 09:10