Американскиот државен секретар Рекс Тилерсон вечерва ги повика Саудиска Арабија и останатите земји од Персискиот Залив да ја ублажат блокадата кон Катар, нагласувајќи дека таа има хуманитрани последици и влијае врз борбата против џихадистичката група Исламска држава (ИД).

– Очекуваме овие држави веднаш да преземат чекори за смирување на ситуација и дека ќе вложат искрени напори за да ги надминат меѓусебните несогласувања, изјави Тилерсон.

Саудсика Арабија, Египет, Обединетите Арапски Емирати и Бахреин во вторникот ги прекинаа дипломатските односи со Катар, обвинувајќи го за финансирање на екстремни исламиситчки групи и за поддршка на тероризмот, што властите во Доха категрочно го отфрлаат.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/06/2017 09:25