Три лица загинаа денеска при уривање на бугарски воен хеликоптер во водите на Црното Море во близината на Варна.

Како што соопшти бугарското Министерство за одбрана, при падот на хеликоптерот загинале пилотот и двајца патници.

Според Министерството, хеликоптерот од типот „Пантер-565“ се урнал за време на воена вежба.

Причините за уривањето на хеликоптерот засега не се познати.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/06/2017 09:49