Американскиот претседател Доналд Трамп го обвини Катар за финансирање на тероризмот на „многу високо ниво“ и ја повика земјата за престане со таквата пракса.

– Ниту една цивилизирана земја не може да толерира такво насилство или да дозволи таква злосторничка идеологија да се шири крај нејзините брегови, изјави Трамп на заедничката прес-конференција со романскиот претседател Клаус Јоханис, по нивната средба во Белата куќа.

Ваквата изјава на Трамп уследи откако претходно денеска американскиот државен секретар Рекс Тилерсон ги повика Саудиска Арабија и останатите земји од Персискиот Залив да ја ублажат блокадата кон Катар, нагласувајќи дека таа има хуманитарни последици и влијае врз борбата против џихадистичката група Исламска држава (ИД).

– Очекуваме овие држави веднаш да преземат чекори за смирување на ситуација и дека ќе вложат искрени напори за да ги надминат меѓусебните несогласувања, изјави Тилерсон.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/06/2017 12:00