Една од најпопуларните социјални мрежи, Инстаграм воведува новитет кој нема да им се допадне на љубителите на фотошоп. Инстаграм наскоро ќе става „воден печат“ на фотографиите направени на фотошоп со цел сите корисници да знаат дека таа објава е обработена.

Челниците на оваа социјална мрежа се одлучиле за оваа мерка по предлог на експертите од здравствената организација „Royal Society for Public Health“, која од неодамна заклучи дека „идеализираните фотографии на јавните личности“ негативно влијаат врз самодовербата на тинејџерите. Ова во превод значи дека домашните, балканските, но и светските ѕвезди од сега ќе мора да „признаат“ како изгледаат без помош на фотошоп.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/06/2017 15:57