И оваа сезона туристите кои патуваат во Грција на одмор се во дилема што е дозволено да внесат од храна и пијалак преку граница.

Според официјалните прописи во Грција не е дозволен внес на месо, млеко и млечни производи од земјите кои не се членки на Европската унија, а дозволено е внес до два килограми млеко во прав за бебиња или храна за бебиња, храна за посебни потреби, како и до два килограми храна за миленичиња.

Кога станува збор за овошје и зеленчук, може да се внесат до пет килограми. Што се однесува до внесот на алкохол, лицата постари од 17 години во личниот багаж можат да внесат по еден литар алкохол од 22 отсто и помалку од тоа, четири литри вино и 12 литри пиво.

Оние кои патуваат во Грција по копнен пат можат да понесат 40 цигари, додека за патниците во воздушниот и поморскиот сообраќај дозволено е пет пати повеќе. Кога станува збор за пари, неопходна е пријава доколу со себе се носи готовина во износ од десет илјади евра или повеќе од тоа.

Што се однесува до меѓународната возачка дозвола, прописите велат дека таа повеќе не ви е потребна, но без неа во Грција би можеле да имате одредени проблеми со наплата на штета доколку учествувате во сообраќајна несреќа.

Станува збор за тоа дека некои осигурителни куќи во Грција при наплата на штети бараат поседување на тој документ. Доколу другиот возач е виновен за несреќната и има осигурување кај осигурителната куќа, која бара меѓународна возачка дозвола, вие нема да можете да наплатите штета на автомобилот. Доколку другиот возач има осигурување дома кое не го бара овој документ, штетата ја наплатите без проблем.

Слична ситуација е и при изнајмување на автомобил. Доколку осигурителната куќа при наплата на штетата бара од рентакар агенцијата да приложи и меѓународна возачка дозвола на возачот кој учествувал во несреќната, агенцијата при најмувањето возило задолжително ќе му ја побара и на возачот.

Сепак со оглед на тоа дека во повеќе случаи секогаш се на располагање неколку агенции, лесно може да се изнајми возило во онаа која не бара меѓународна дозвола.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/06/2017 16:12