Социјалната мрежа WhatsApp наскоро ќе воведе нова популарна опција „избриши”, со чија помош ќе може да ги стопираат и избришат пораките, фотографиите, видеоснимките или документите кои веќе сте ги пратиле некому, а не сакате да ги прими.

На овој начин всушност ќе ги избришете пораките кои не сакате да ги види корисникот на кого сте му ги пратиле. Опцијата „избриши” ќе функционира на сите типови на пораки.

Ќе можете да избришете и одговорите на некој статус, но за тоа ќе имате само пет минути. Секоја реакција која ќе се задржи на статус подолго од пет минути нема да може да се избрише.

Новата опција е дел од новата верзија на WhatsApp 2.17.30, која веќе е достапна во продавниците за апликации, но опцијата „избриши” се уште не е активна. Опцијата ќе биде достапна кога програмерите на WhatsApp со сигурност ќе утврдат дека нема никакви дефекти во неа.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/06/2017 16:16