Компанијата Интел наскоро ќе пушти во продажба компјутер со големина на кредитна картичка, наречен „Компјут Кард“, чијшто спецификации може да се споредуваат и со некои лаптопи.
Уредот е со размер 95 х 55 х 5 милиметри, а основната верзија ќе има Интел Целерон Х-3450 процесор, но ќе има и други верзии, во зависност од потребите на корисникот.
Оперативната меморија сепак, е универзална – четири гигабајти. Поевтините уреди ќе располагаат и со 64 гигабајти ЕММЦ меморија за фајлови, ви-фи и Блутут 4.2.
„Компјут Кард“ ќе се најде на пазарот во август, а цената засега останува непозната.