Во Франција почна гласањето на првиот круг од парламентарните избори кои се исклучително важни за новоизбраниот претседател Емануел Макрон.
Се очекува неговата партија Република, напред да победи и по вториот круг на 18 јуни да добие стабилно мнозинство.
За 577 места во Националното собрание се пријавени 7.882 кандидати.
Избирачките места се отворија во осум часот утрово и ќе бидат затворени во 20 часот.
Според најновите анкети, партијата на Макрон ќе добие во првиот круг 29-32 отсто, втори ќе бидат „Републиканците“ со 19-23 отсто.
Според анкетите, центристичката партија на Макрон е на пат да добие 297 до 427 места во Долниот дом на парламентот, што би било најмногу во изминатите 50 години.
Републиканците би добиле во првиот круг меѓу 95 и 115 места во вториот круг.
Националниот фронт би можеле да добијат 17 отсто гласови во првиот круг, но само пет до 15 места во вториот круг.
Новиот состав на парламентот ќе биде поинаков бидејќи повеќе од 200 пратеници не се кандидираат за реизбор што двојно повеќе отколку на изборите во 2012 година.