Транспарентноста и отчетноста во водењето на државата се нови вредности со кои владее и ги воспоставува новата Влада предводена од СДСМ кои за ВМРО-ДПМНЕ се непозната категорија
Граѓаните ќе дознаат и ќе видат какви злопутреби се правени и за каков луксуз се трошени нивните пари во изминатите 11 години што предизвика 500.000 граѓани, заради таквото расипничко однесување на ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски, да живеат под прагот на сиромаштијата.
За сите злоупотреби на парите на граѓаните ќе следува одговорност!
Тоа е најголемиот страв на криминалното раководство на ВМРО-ДПМНЕ предводено од Никола Груевски. Украдените пари ќе се враќаат во Буџетот и тоа е еден од начините како ќе се зајакнува економијата и како ќе се отвораат реални работни мести!
Заврши времето кога иселувањето на младите, бришењето на невработените од евиденција, и нарачани бројки од контролирани институции ВМРО-ДПМНЕ можеше да го прикажува како намалување на невработеноста.
Новата реформска Влада предводена од СДСМ со својот капацитет, знаење и умешност, преку поддршка на домашните фирми и со одговорно менаџирање на државните ресурси, ќе обезбеди реален економски раст и вистински пад на невработеноста.