Партијата Република во движење на францускиот претседател Емануел Макрон освои најмногу гласови во првиот круг на парламентарните избори, објавија светските медиуми по затворање на избирачките места.

Центристичкото движење на Макрон освои од 32,2 до 32,9 отсто од гласовите, десничарските Републиканци 20,9 до 21,5 проценти, екстремно десничарскиот Национален фронт околу 14 отсто, радикалната левица 11 проценти, а социјалистите кои до скоро беа на власт 10,2 отсто од гласовите.

Проекциите објавени по затворањето на гласачките места покажуваат дека партијата на Макрон „Република во движење“ (La Republique en Marche) освоила над 400 места во парламентот со 577 пратеници. Вториот круг од изборите ќе се одржи следната недела.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/06/2017 01:16