Рамуш Харадинај вечерва прогласи победа на коалицијата на Демократска партија на Косово, на предвремените парламентарни избори.

По затворањето на избирачките места, Харадинај изјави дека оваа коалиција убедливо победила со освоени 40 проценти од гласовите.

На второ место е движењето Самоопределување кое добило 30 проценти од гласовите. На трето место е коалицијата на Демократскиот сојуз на Косово, Алијансата на ново Косово и иницијативата Алтернатива со 27 отсто од гласовите.

Поради изборни неправилности, Обвинителството во Приштина покрена седум обвиненија, а неколку лица се приведени. Изборите ги следеа 5.000 набљудувачи.

Околу 1,8 милиони запишани избирачи имаа можност да избираат 120 пратеници во Собранието.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/06/2017 01:20