Американските сенатори постигнаа договор за законодавството, со кое се воведуваат нови санкции кон Русија, во кое е вклучена е одредбата, со која Белата куќа се спречува да ги ублажи, суспендира или укине санкциите без одобрение на Конгресот.

Целта на договорот, кој ќе биде поднесен како амандман кон предлог-законот за санкции кон Иран, е да ја казни Русија поради нејзиното наводно мешање во предизборната камања за претседателските избори во САД во 2016 година, анексијата на Крим и поддршката на сириската Влада во текот на шестгодишната граѓанска војна во таа земја.

За предлог-законот за Иран би требало да се гласа уште оваа недела.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/06/2017 12:15