Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган ја осуди денеска изолацијата на Катар како „нехумана и против исламските вредности“.

Ердоган истакна дека методите, кои се употребуваат против оваа заливска земја се неприфатливи.

Тој следните денови ќе разговара со американскиот претседател, Доналд Трамп за спорот меѓу Катар и другите арапски земји, најави претходно денеска турскиот министер за надворешни работи Мевљут Чавушоглу.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/06/2017 12:39